• Иван Димовски
Натпреварот меѓу Челзи и Ливерпул во финалето на Лига купот на Англија ќе разбуди многу контроверзии на „островот“. Во првото полувреме судијата Крис Кавана и неговите помошници го навлекоа гневот на навивачите на Ливерпул со одлуката да не го исклучат Мојсес Каиседо по невнимателниот старт со кој го повреди Рајан Гравенберг.
<<< - ПОВРЗАНО - Навивачите на Ливерпул бесни: Дали Каиседо се извлече за црвен картон!? (ВИДЕО)
Нов спорен момент се случи во вториот дел, откако по еден час игра гол за 0-1 даде Вирџил Ван Дајк. Холанѓанец по центаршут од слободен удар на Робертсон со глава го матира голманот Петровиќ, ама пак се „јави“ ВАР собата...
- Поништениот гол на Ван Дајк против Челзи:
Судијата Кавана беше повикан да ја прегледа снимката, а одлуката беше во најмала рака контроверзна. Ватару Ендо беше во недозволена позиција при центаршутот, на неколку метри од Ван Дајк. Јапонецот со тело го запре Колвил, а Ван Дајк остана да биде чуван од Чилвел. Интересно, судиите проценија дека тука нема фаул, туку офсајд - бидејќи Ендо беше зад одбраната и „влијаел врз текот на акцијата“.