• Саше Љолес

Фудбалскиот клуб Беласица ги информира сите свои навивачи, поддржувачи и симпатизери дека натпреварот од седмото коло во Втората лига против Шкендија Арачиново ќе се одигра на петти октомври, и тоа во вечерниот термин од 18:30 часот.
Ова значи дека струмичани ќе ја пречекаат Шкендија под рефлектори и ќе имаат прилика за успешен резултат пред својата верна публика.
Беласица одлично ја започна новата сезона во ВМФЛ и досега собра 16 бода, со што го дели врвот на табелата со Брегалница од Штип. Шкендија Арачиново е на третата позиција со два бода помалку.






