ВИДЕО: Нов скандал во Шпанија, Мајорка доби пенал без никаков контакт

Судиските одлуки во Шпанија често се оспорувани од фановите, а очигледно со право се коментира околу селективното користење на ВАР системот. 

Откако вчера на средбата меѓу Хетафе и Реал Сосиедад имаше барем по една грешка на двете страни, вечерва судиите потфрлија во корист на Мајорка. Тимот од Балеарите доби пенал уште во 13. минута, поради старт во кој немаше контакт, а искусниот Даниел Родригез падна како покосен и доби најстрога казна против Селта. 

  • Спорниот момент пред пеналот: 

Потоа, тимот каде настапува Александар Трајковски лесно го зголеми резултатот во своја корист, но со сигурност овој пенал одново ќе предизвика бура од реакции.