Нов скандал во белгискиот фудбал: Истрага за измама, перење пари и обвинувања за сите инволвирани

Нови бранувања во белгискиот фудбал деновиве. Фудбалот во оваа западноевропкс аземја се соочува со скандал од големи размери, откако Јавното обвинителство најави можни обвиненија како резултат на серија истраги за повеќе недозволени активности и местење натпревари на прволигашки екипи.  

Педесет и шест лица и една компанија се осомничени за измама, перење пари, местење натпревари и членство во криминална организација, јавија белгиските медиуми. 

Одредени весници јавуваат дека меѓу осомничените има функционери од неколку белгиски прволигашки екипи, како и фудбалски судии.