Нов скандал на Нејмар: Го удрил синот на Робињо – затоа што го дриблал!

Бразилскиот фудбалски ас Нејмар одново е во центарот на вниманието кај фудбалската јавност, откако се скарал со 18-годишниот Робињо Јуниор, син на славниот Робињо, и го соборил на тренингот на Сантос во недела наутро

Според извори од бразилските медиуми, сето тоа се случило за време на еден од тренинг натпреварите за играчите кои не играа против Палмеирас во сабота навечер.

Според извештаите, Нејмар бил лут и се чувствувал непочитуван кога Робињо го дриблал, по што побарал прекин на натпреварот. Конфликтот ескалирал после тоа, што довело до вербална расправија, а во еден момент дури и се пресметале. Изворите наведуваат дека Нејмар го удрил Робињо, а потоа го сопнал со нозете.

Сантос одби да коментира за инцидентот, а менаџерот на Робињо исто така рече дека нема да дава никакви јавни соопштенија. ПР тимот на Нејмар „не можеше“ да ја коментира ситуацијата.

Инцидентот предизвика многу реакции меѓу членовите на клубот, а претставниците на Робињо се пожалиле кај претседателот на Сантос.