ВИДЕО: Нов шок за Атлетико Мадрид, Билбао освои цел плен на „Сан Мамеш“

Во третиот денешен натпревар од 28. коло во Примера, фудбалерите на Атлетик Билбао на „Сан Мамеш“ го совладаа Атлетико Мадрид со 2-0 (0-0) и уште повеќе ја продлабочија кризата на тимот на Диего Симеоне, која започна со елиминацијата од Јувентус во Лигата на шампионите.

  • Извештај од натпреварот: 

По 0-0 по првото полувреме, во кое гостите од Мадрид беа целосно инфериорни и без ниту еден удар кон противничкиот гол, во продолжение се играше отворено и со шанси на двете страни, а на крајот целиот плен остана во Баскија.

Победата на домаќините со прекрасна шанса ја најави Муниаин, кој во 65. минута прекрасно биеше, но Јан Облак уште поубаво одбрани и спречи негатива на својот тим. Подобрата игра домаќините ја крунисаа со голот на Ињаки Вилијамс во 73. минута, а конечните 2-0 ги постави Кенан Кодро, во 85. минута, само една минута по неговото влегување.

По денешниот пораз, Атлетико Мадрид сега има само два бода предност пред тимот на Реал Мадрид, а во нареднато коло ќе игра на гостински терен против незгодниот Алавес.