Нов шок на АКН: Јужна Африка го исфрли првиот фаворит! (ВИДЕО)

Нема крај на изненадувањата на Африканскиот Куп на нации! Првиот фаворит за трофејот од пред турнирот, селекцијата на Мароко е елиминирана во осминафиналето со поразот од 0-2 против Јужна Африка. Натпреварот одигран на „Стејд Лаурен Поку“ во Сан Педро понуди драма и славје на аутсајдерот. 

Во првото полувреме Нусар Мазрауи успеа да ја стресе мрежата на Јужноафриканците, меѓутоа ВАР-собата реагираше и поради недозволена позиција голот беше поништен. Одговорот на тоа дојде во вториот дел, Евиденс Макгопа доби проигрување од Зване и стрела за предност на Јужна Африка од 0-1. 

Тогаш тргна налетот на Мароканците кои не успеваа да најдат пат до противничката мрежа. Ниту серијата измени и пеналот кој го добија не беа доволни. Ашраф Хакими не успеа да го реализира и ја погоди пречката, па тоа дополнително го изнервира фаворитот. Пред крајто Софијан Амрабат беше исклучен поради втор жолт картон, а во судиското продолжение Тебохо Мокоена стрела директно од слободен удар за конечните 0-2. 

  • Извештај од натпреварот:

Во четвртфиналето репрезентацијата на Јужна Африка ќе игра против Зеленортската република.