Нов пресврт во Париз: Нејмар сега сака да остане во ПСЖ!?

Нејмар

Француски „Л'Екип“ будно ја следи ситуацијата со Нејмар и неговата желба да си замине од екипата на ПСЖ.

Реал Мадрид и Барселона доставија неколку понуди, но ниту една не ги задоволи барањата на францускиот шампион. Ваквата ситуација го става Бразилецот во незавидна ситуација, а тренерот Томас Тухел нема трпение и бара тој да биде дел од мечот против Тулуз овој викенд.

Сега престижниот медиум пренесува дека менаџерот го советувал напаѓачот да ги смири односите со клубот. Најдобро за него, според блиски луѓе од неговиот тим, е да молчи и да прифати да игра во редовите на „принцевите“ уште најмалку една сезона. 

Наредното лето ќе му останат уште две години од договорот, што ќе биде за нијанса полесна ситуација од која би можел да гледа можност да си замине. Навивачите не го сакаат во екипата и постојано испраќаат навреди на негова сметка, што ќе биде дополнителен проблем оваа сезона.

Никој не знае каква ќе биде иднината на Нејмар, се шпекулира дека би можел да остане и да направи нов обид да ги убеди гневните навивачи. Други, пак, тврдат дека неговата кариера во Франција е готова и дека се чека само на потврда на неговиот трансфер до 2 септември.