Нов пресврт: Фенербахче и Ал-Итихад ги комплетираа зделките за Канте и Ен Незири

Фенербахче и Ал-Итихад пронајдоа начин и ја комплетираа размената на играчи по крајот на јануарскиот преоден рок. 

Нголо Канте официјално уште ноќеска беше промовиран во Фенербахче. Тој го раскина договорот со Ал-Итихад и стави потпис на договор до 2028 како слободен агент. 

Покрај тоа, Фенербахче потврди и дека Јусеф Ен Незири се сели во Саудиска Арабија. Според информациите, за разлика од Канте тој не го раскина договорот. Напаѓачот ќе биде платен околу 15 милиони евра, а тој веќе се упати кон Саудиска Арабија и ќе го замени Карим Бензема во Ал-Итихад. 

Двата клуба добија посебна дозвола за реализација на трансферите од ФИФА, иако првично зделките беа блокирани.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.