• Редакција Gol.mk
Нови потреси и нови промени во нашиот најтрофеен клуб. Вардар ќе добие нов, четврти тренер оваа сезона, откако утрово клубот од Скопје објави дека ја прекинува соработката со Срѓан Захариевски.
51-годишниот тренер на девет натпревари го водеше Вардар во шампионатот и забележа една победа, против Тиквеш во Кавадарци.
„Захариевски не е повеќе тренер на Вардар. По вчерашниот пораз од Пелистер, двете страни спогодбено ја прекинаа соработката. За личности како Захариевски вратите во Вардар секогаш ќе бидат отворени“, информираат од Вардар.
Срѓан Захариевски е третиот тренер кој сезонава ја водеше екипата, после Горазд Михаилов и Горан Петрески.
Вардар е „фенерџија“ во ПМФЛ со само осум бода од тринаесет одиграни натпревари. В сабота во 14. коло на Арената „Тодор Проески“, „црвено-црните“ ќе го пречекаат Шкупи.