• Саше Љолес
Управата на босанскиот прволигаш Сараево продолжува со доведување искусни и бомбастични имиња во својот клуб.
Регионалните медиуми пишуваат дека е договорен преминот на Адем Љајиќ, кој наскоро ќе пристигне од екипата на Нови Пазар. Екс-репрезентативецот на Србија има навистина импресивно резиме зад себе и настапуваше за Партизан, Фиорентина, Рома, Торино, Интер и Бешикташ, а во Нови Пазар пристигна пред две години и постигна 17 гола на 61 одигран натпревар.
Сараево, во чии редови спортски директор е Крсте Велкоски, веќе ги доведе Стефан Ристовски и Агон Елези, а со доаѓањето на Љајиќ, тимот добива уште повеќе на квалитет и се истакнува како главен кандидат за шампионската титула во домашното првенство.
Се очекува трансферот на Љајиќ да биде потврден во најскоро можно време. 33-годишниот офанзивец се очекува да биде огромно засилување за босанскиот прволигаш.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




