Нов потпис кај „кралевите“, францускиот дефанзивец уште две години во Мадрид

Управата на Реал Мадрид заврши уште една важна работа од својата агенда. „Кралевите“ го продолжија договорот со 29-годишниот Ферланд Менди, со кој ќе го задржат на „Сантиаго Бернабеу“ уште најмалку две години. 

Новата соработка истекува летото 2027 година, со опција за продолжување за уште една сезона. Според шпанската „Марка“, францускиот дефанзивец бил задоволен од преговорите и останува во Мадрид за да го носи најважниот фудбалски дрес во Европа. 

Менди пристигна во Реал пред пет години, на почетокот не добиваше голема минутажа, но успеа досега да собере 118 настапи и да прерасне во еден од најважните дефанзивци во тимот. Претходно во кариерата играше за Ле Авр и Лион.