Нов пех за Спалети, сериозна повреда и операција за Кефрен Турам

По повредата на Кенан Јилдиз, нов пех за Лучијано Спалети и новиот Јувентус. Францускиот репрезентативец Кефрен Турам го оперира десното колено, што ќе го остави надвор од терените најмалку до крајот на оваа година.

Клубот не соопшти колку долго Турам ќе биде надвор од терените, но според „Газета дело Спорт“ фудбалерот за врска ќе отсуствува од тимот најмалку четири месеци.

Поради проблеми со коленото, 25-годишниот Турам сè уште нема настап оваа сезона за Јувентус кој стартуваше во Серија А со две победи, а в недела ќе се соочи со Милан во третото коло од италијанското првенство.