Нов пех за Дибала: Аргентинецот оди „под нож“ и ја заврши сезоната

Италијанска Рома остана без еден од најдобрите фудбалери до крајот на сезоната, откако нова повреда доживеа Пауло Дибала. 

Аргентинецот заработи повреда на мечот против Каљари, кога влезе во игра во вториот дел и мораше да биде заменет. Од римскиот табор се надеваа дека повредата нема да биде многу сериозна, ама сепак тој ќе мора да оди на операција. Дибала има сериозно мускулно оштетување и со клубот се договори дека најдобро е да оди „под нож“ за подобро заздравување.

Оваа операција ќе го оддалечи Пауло Дибала од терените неколку месеци. Поради тоа, сезоната за аргентинскиот офанзивец е завршена и тој се очекува назад за летните подготовки. 

Инаку, Дибала има договор со Рома до следното лето, кој го продолжи во јануари оваа година.