Нов пех за Арсенал, Хесус веројатно е потешко повреден

Арсенал се соочува со нов проблем, бидејќи отсуство го очекува и Габриел Хесус. Од тимот недостига првата ѕвезда Букајо Сака кој нема да игра до февруари, а против Манчестер Јунајтед во ФА Купот се повреди и Бразилецот. 

27-годишниот напаѓач доживеа голем пех бидејќи тукушто влезе во форма, а сега се повреди и го чека пауза. Најавите од Англија се лоши, се верува дека се работи за повреда на предните вкрстени лигаменти, што најавува долго заздравување.

„Чекаме подеатлни информации, ама не изгледа воопшто добро. Мора повеќе специјалисти да дадат мислење пред да ја известиме јавноста“, изјави кратко Артета.

Оваа сезона Хесус постигна седум погодоци од кои шест беа во последниот месец. Останува да се потврди дијагнозата, ама ако бразилскиот напаѓач оди на операција тоа ќе значи крај на сезоната за него.