ВИДЕО: Нов очај во Милано, Лече со ЕВРОГОЛ во 92. минута ги шокира „росонерите“

Екипата на Милан никако да фати добар ритам во калчото. „Росонерите“ на домашен терен доживеаја нов срам и одиграа само реми со аутсајдерот Лече (2-2), во рамки на осмата рунда од Серија А.

  • Извештај од натпреварот:

„Росонерите“ беа на прагот да врзат две победи во серија и по три меча да се израдуваат на „Сан Сиро“ пред своите гледачи, но, во 92. минута примија погодок и им приредија ново разочарување оваа сезона на фановите.

Дуелот во Милано го отвори Хакан Чалханоглу со еден ефектен гол од мртов агол во 20. минута од мечот, а откако во 62. минута Бабакар изедначи по промашен пенал и одбиена топка, предноста за Милан ја врати Кжиштоф Пјатек, во 81. минута, со одлична реакција во казнениот простор по додавање на Чалханоглу. Кога сите помислија дека доаѓа крај и дека Милан ќе победи, Лече успеа да погоди во 92. минута преку Калдерони, кој изведе една мала мајсторија за конечни 2-2.

Милан останува на дванаесеттото место на табелата со 10 бода, додека Лече е петнаесттопласиран со седум бода. Во наредното коло „росонерите“ гостуваат кај Рома, додека Лече игра со првакот Јувентус.

Состави

Stefano Pioli

4-3-3

    Fabio Liverani

    4-3-1-2