• Саше Љолес

Англиските медиуми ја пренесуваат веста дека белгискиот репрезентативец, Амаду Онана, ќе биде ново засилување за екипата на Астон Вила.
Доскорешниот член на Евертон веќе ги договорил сите услови со тимот од Бирмингем и трансферот треба да биде комплетиран до крајот на следната недела. Вила ќе им исплати на „карамелите“ пристојна сума од 60 милиони евра, а навивачите се задоволни и очекуваат Онана да биде големо засилување за нивниот ростер.
Онана летово беше поврзуван со премин во гиганти како Арсенал и Барселона, но се одлучил за преселба во Астон Вила, каде се очекува да добие петгодишен договор со плата од четири милиони евра по сезона.
Белгиецот ја започна својата кариера во Хофенхајм, а потоа играше уште за екипите на Хамбургер и Лил. Во Евертон пристигна пред две години и вкупно одигра 66 натпревари во Премиер лигата.