Нов меч, нов блесок: Меси пак со два гола и асистенција донесе триумф за Интер Мајами (ВИДЕО)

Лионел Меси продолжува да игра во врвна форма, а тоа го докажа во победата на Интер Мајами на гости кај Њујорк Сити (0-4) во МЛС лигата. 

Аргентинската ѕвезда прво беше асистент при голот на Родригез во финишот на првото полувреме за 0-1. Потоа по мирниот старт на вториот дел Интер Мајаму уфрли во брзина повеќе. Меси во 74. минута зголеми на 0-2, а следуваше и најстрога казна. И овојпат Аргентинецот го препушти ударот на соиграч, одговорноста ја презеде Луис Суарез и погоди. 

Точка на победата стави Меси со голот за 0-4 во 86. минута од средбата.