Нов Македонец во Трепча, потпиша и напаѓачот Бујчевски

Откако не го продолжи договорот со Силекс, Антонио Бујчевски се одлучи кариерата да ја продолжи во странство, односно во косовскиот шампионат. 

Од денес, битолчанецот е нов член на тимот на Трепча, кој со големи амбиции влегува во новата сезона на првата лига на Косово. Претходно за Трепча потпиша и Благој Гуцев, додека Мартин Мирчевски, иако тренира со тимот, сè уште не ги договорил личните услови и постои можност неговиот трансфер да пропадне. 

28-годишниот Бујчевски е дете на Пелистер, а во својата кариера има настапувано уште за Еуромилк ГЛ, Вардар, Ренова, Металург и Тетекс. Во ланската сезона одигра 29 натпревари за Силекс, постигнувајќи четири гола.