ВИДЕО: Нов мајсторски слалом-гол на Даноски, овој пат за Радник

Зоран Даноски продолжи да игра во одлична форма. По добрите настапи во Нови Пазар, реши поради семејни причини да се врати во Радник и во третиот натпревар ги демонстрира добрите голгетерски способоности.

На натпреварот против Јавор (2-2), крилниот напаѓач даде нов ефектен гол по слалом. Влезе по левеата страна, мина неколку противници и пласираше во небранетиот агол на голманот на Јавор.

  • Голот на Даноски против Јавор:

За Даноски ова е втор ваков гол во оваа сезона, откако претходно во дресот на Нови Пазар против ТСЦ Бачка Топола на Мартин Мирчевски погоди атрактивно.