• Горан Упале
Лионел Меси продолжи да пишува историја во МЛС лигата, откако постигна два гола во победата на Интер Мајами од 2-1 над Нешвил.
Аргентинецот постигна по два гола во секој од последните пет натпревари, продолжувајќи ја својата серија од рекорди во лигата откако стана првиот играч во историјата на МЛС кој постигнал најмалку два гола во четири последователни натпревари минатата недела.
Оваа серија беше продолжена со нов мајсторски погодок од слободен удар за водство од 1-0, а потоа го искористи подарокот на противничкиот голман и ги постави конечните 2-1.
Слободниот удар беше неговиот 69-ти гол во кариерата на тој начин и шести откако се приклучи на Мајами. Со голот од 62. минута, тој направи нешто што не го направил од 2012 година. Тогаш беше последен пат кога постигна барем два гола во пет последователни натпревари. Тоа беше за време на неговите настапи за Барселона.








