ВИДЕО: Нов кикс за Алавес, продолжува европскиот поход на Еспањол

Еспањол

Во директна борба за местата кои водат во Европа, Еспањол го надигра Алавес (2-1) пред своите гледачи во рамки од 32. коло во Примера.

Каталонците со трите бода останаа во конкуренцијата за излез на европска сцена и до крајот ќе се боорат за седмата позиција на табелата. 

  • Извештај од натпреварот: 

Гинер Педроса погоди во 19. минута и донесе радост за домашната публика, која одново прослави гол на самиот старт од второто полувреме. Трагичар на гостите беше Лагуардија, кој си постигна автогол и му овозможи на противникот да стекне висока предност.

Надеж за Алавес донесе Калери кој ја преполови предноста и најави неизвесност во продолжението. Сепак, одбраната на Еспањол го издржа притисокот и обезбеди голем триумф.