Нов кикс на Пелистер, Брера со играч помалку се избори за бод во Кавадарци!

Фудбалерите на Пелистер повторно потфрлија во Втората македонска фудбалска лига. По ремито во Битола против Камјани, денеска во Кавадарци „зелено-белите“ немаа решени ниту за младите момци на Брера и одиграа само 0-0.

Пелистерци беа подобриот ривал на теренот, имаа иницијатива и многу шанси, но ниту една од нив не заврши во посакуваната цел. На спротивната страна пак, Брера си ја заврши својата задача, и остана непоразена, а бодот има поголемо значење ако се земе фактот што струмичкиот тим речиси цело второ полувреме играше без капитенот Стојановски, кој поради два жолти картони беше исклучен.

По две одиграни кола без победа остана и екипата на Новаци, која пред својата публика попушти во финишот и дозволи Беласица да си замине со цел плен (0-1).

Минимален триумф извојува и Македонија ЃП, која во малото скопско дерби славеше над новајлијата во Втората лига, Еуромилк Горно Лисиче (0-1), додека Кајмани ја забележа премиерната победа, откако со 2-1 го совлада Осогово. 

Домашен триумф извојува и Кожуф, откако со празни раце од Гевгелија си замина екипата на Шкупи (2-0).