Нов кандидат за позајмица на Елмас, „дијамантот“ може да се пресели во Рим?

Ељиф Елмас дефинитивно ќе бара нова средина во текот на јануарскиот преоден рок, а гласините за позајмица од редовите на РБ Лајпциг се зголемуваат со секој изминат ден. 

Македонскиот репрезентативец не е во плановите на тренерот Марко Розе и стана извесно дека ќе замине во друга средина до крајот на сезоната, а како нов кандидат за трансфер се споменува калчолигашот Лацио, кој би сакал да го доведе во своите редови како солидно засилување за средниот ред. 

Неколку медиуми ја пренесоа веста дека римјаните „го држат на око“ нашиот „дијамант“, па наскоро се очекуваат повеќе информации околу евентуалната преселба во „вечниот град“. Лацио сезонава прикажува солидни игри и во моментов е на четвртата позиција, а искуството на Елмас би било повеќе од добредојдено и тој би можел да биде полн погодок за ростерот на тренерот Марко Барони. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.