• Мартин Танасковски
Екипата на Интер бележи лоши резултати во Серија А, а дополнително атмосферата ја влошуваат информации за негативна атмосфера во соблекувалната и инциденти кои го пратат тимот.
Португалски „О Жого“ пишува дека на последниот тренинг на Интер се случил инцидент меѓу Спалети и Кансело. Двајцата влегле во вербална расправија затоа што Португалецот одбил да игра лев бек, наместо на својата природна позиција, а потоа за малку не се случил и физички инцидент.
Спалети го избркал Кансело од првиот тим и му соопштил дека на лето слободно може да си замине. Фудбалерот барал уште оваа зима да се врати во Валенсија, од каде е на позајмица меѓу „нераѕурите“.
Од клубот се сомневаат дека постои и „крт“ во соблекувалната, кој на медиумите им раскажува што се случува во тимот.