• Саше Љолес
Бојан Миовски уште еднаш покажа дека е во одлична форма и одново беше стрелец за својот Абердин во гостинската победа од Лига Купот кај екипата на Стирлинг Албион (1-2).
Македонскиот репрезентативец се рехабилитираше од тешката повреда што ја заработи на почетокот од летото и успеа да се врати во одлична форма, стрелајќи двапати за Абердин на последните два натпревари.
Штипјанецот најпрво стрелаше против гигантот Селтик (тој меч Абердин го загуби со 1-3), а вчера го отвори резултатот во полза на својот тим уште во 26. минута и ја најави победата над Стирлинг Албион. Македонскиот напаѓач ги пропушти квалификациските дуели против Украина и Англија, но се очекува да биде на располагање на селекторот Милевски за натпреварот со Италија.
Бојан Миовски минатата сезона беше еден од најдобите играчи во шкотскиот Премиершип и уште во првата година во Абердин постигна 18 гола, од кои 16 беа во првенството. Сезонава повторно покажува дека ќе биде еден од главните фудбалери во тимот, а ние во добра форма го очекуваме и за настапите во македонската фудбалска репрезентација.