• Саше Љолес
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов продолжува со добрите игри за полската Јагјелонија и денес одново се запиша во листата на стрелците во победата над Горник со конечни 0-2.
Со оваа победа, Јагјелонија се искачи на второто место на табелата (ист број бодови со лидерот Лех Познањ) и ја потврдува одличната форма, а за Чурлинов ова е трет гол сезонава, втор во домашното првенство. На денешниот меч Македонецот стрелаше во 69. минута и воедно го постави конечниот резултат на натпреварот.
Нашиот репрезентативец премина во Полска како позајмен фудбалер од англискиот Барнли и досега се чини како одлично засилување за Јагјелонија, која во следното коло на домашен терен ќе го пречека тимот на Раков.