ВИДЕО: Нов гол на Жоао Феликс, Бенфика се врати на врвот на Примеира

Со идентични 4-2 како и во четвртокот против Ајнтрахт Франкфурт во четвртфиналето на Лига Европа, најтрофејниот португалски клуб на сите времиња, Бенфика, извојува победа и против Виторија Сетубал во рамките на 29. коло на Примеира.

Пак меѓу стрелците се запиша 19-годишниот Жоао Феликс, а погодија и Швајцарецот Харис Сеферовиќ и двапати Рафа Силва. Головите за гостите од Сетубал ги постигнаа Нуно Валенте и Кадиз Жондер.

  • Извештај од натпреварот: 

На пет кола до крајот на португалскиот шампионат, Бенфика и Порто ја продолжуваат мртвата трка и двете екипи имаат ист број на бодови, по 72 бода, осум повеќе од Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски.