ВИДЕО: Нов гол на Тричковски, убедливо поразен Етникос Ахна на Богатинов

Екипата на нашиот репрезентативец Иван Тричковски, АЕК Ларнака пак е во победнички ритам во шампионатот на Кипар. По неполн месец без победа „жолто-зелените“ го декласираа Етникос Ахна со 5-1, а Тричко постигна еден гол во мрежата на гостинскиот голман Зоран Богатинов.

Иван Тричковски погоди во судиското надополнување на првиот дел за 2-0, запишувајќи го својот шести првенствен гол сезонава.

  • Голот на Тричковски против Етникос Ахна: 

Вториот Македонец во екипата на АЕК Ларнака, Даниел Мојсов не настапи. 

Со овие три бода АЕК Ларнака скокна на третото место со девет бода, а Етникос Ахна остана на седум бода на петтото место на табелата. Лидери сие клубовите од главниот град Омонија и Анортозис.

Во следното шесто коло АЕК Ларнака гостува во Лимасол.