• Горан Упале
Македонскиот фудбалски интернационалец Андреј Тодороски продолжува со одличните игри во Србија и по промената на клубот. 25-годишниот офанзивец постигна уште еден гол за ТСЦ Бачка Топола во српскиот шампионат, овој пат во победата на својот тим над Раднички Крагујевац од 1-3.
Македонецот домашната мрежа ја затресе во 55. минута од средбата, откако со прекрасен погодок од далечина погоди за тогашни 1-2, а само седум минути по погодокот се пресели на клупата за резерви.
- Голот на Тодороски против Раднички Крагујевац:
За Тодороски ова беше осми гол во српскиот шампионат. Тој во есенскиот дел од сезоната ги бранеше боите во Спартак Суботица, а за тимот на ТСЦ Бачка Топола го постигна вториот гол по неговиот трансфер пред нешто повеќе од еден месец.