• Горан Упале
Екипата на Хапоел Тел Авив се пласираше во четвртфиналето на израелскиот Куп, откако во дуелот со второлигашот Сахнин славеше сигурна победа од 3-0.
Убедливата победа на тимот од Тел Авив ја најави нашиот репрезентативец Стефан Спировски, кој во 40. минута беше на висината на задачата и со прецизен удар со глава го отвори резултатот.
Во вториот дел за прволигашот погодија уште Баршазки и Дамари.
По преселбата во израелскиот шампионат вечерашниот погодок беше трет за македонскиот играч за врска, откако претходно погоди и на првенствениот натпревар против Хапоел Бер Шева.