ВИДЕО: Нов гол на одличниот Дориан Бабунски во Бугарија

Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски продолжи да игра во добра форма во Бугарија и повторно постигна погодок во шампионатот.

Ботев Враца одигра реми на домашен терен против Локомотив Софија (2-2), а Бабунски беше стрелец на првиот гол на натпреварот за домашните. По една нафрлена топка, Македонецот одлично реагираше на втората статива и ја стресе мрежата на ривалот.

  • Голот на Дориан Бабунски за Ботев Враца:

Дориан Бабунски игра одлична сезона на стартот и со четири гола е меѓу најдобрите стрелци во бугарската лига.