ВИДЕО: Нов гол на Николов во БиХ, погоди за Радник во Купот

Македонскиот интернационалец Иван Николов постигна нов гол во дресот на Радник Бијелина од БиХ во рамки на Купот на Босна и Херцеговина.

Радник со убедливи 4-0 славеше над Лакташи и успеа да ја надополни негативата од два гола во првиот меч, за пласман во следната рунда. Николов беше стрелец во 40. минута од мечот, со шут од далечина кој се одби од еден од противниците.

Николов пристигна во Радник од Данска, каде го носеше дресот на Сондерјиске. Брзо се афирмира во босанскиот фудбал и е важен дел од првата постава на клубот.

Радник Бијелина е во полуфиналето на Купот на Босна и Херцеговина, каде го очекува двомеч со Зрињски Мостар. Во втората полуфинална двојка играат Вележ Мостар и Слога.