Нов гол на Маневски, нова победа на косовски Балкани

Македонскиот напаѓач Борче Маневски продолжува со одлични партии во дресот на косовскиот прволигаш Балкани. Вчера битолчанецот го постигна единственит гол во победата на својот тим против Лирија со 1-0.

Некогашниот фудбалер на Пелистер, Победа, Работнички дочека еден добар центаршут од левата страна и со глава ја закова топката во гостинската мрежа. Ова е трет натпревар кој Маневски го решава со свој гол.

Балкани бега од опасната зона и по 12 одиграни гола се наоѓа на деветтото место со 15 бода.