Нов формат во групната фаза во ЛШ, две места за земји со успеси во Европа претходната сезона

ЛШ

Извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА) донесе две важни одлуки поврзани со Лигата на шампионите.

Елитното клупско натпреварување ќе претрпи промени од 2024 година. Групната фаза ќе се игра во поинаков формат, со играње на осум наместо десет натпревари. Бројот на учесници за две години ќе се зголеми од 32 на 36, а две места ќе добијат земји кои постигнале значителни успеси во Европа претходната сезона.

Поради противењето на фановите, УЕФА не планира да им дава специјален третман на најбогатите клубови. Планот да се доделуваат две места на клубови со големи успеси во минатото нема да се имплементира поради големиот притисок од јавноста.

Проектот на воведување промени во Лигата на шампионите датира од пред неколку години, пред да се појават шпекулациите за формирање на Суперлига