ВИДЕО: Нов еврогол на Димарко, Интер брзопотезно го реши Удинезе

Екипата на Интер се врати на местото каде што посакува – на врвот во Серија А. Во последниот денешен натпревар од 15. коло во италијанскиот шампионат „нероаѕурите“ брзопотезно постигнаa три гола и го решиja Удинезе со резултат 4-0 (3-0).

Стартот на натпреварот во Милано мина во знакот на домашните фудбалери. Интер напаѓаше уште од првиот судиски свиреж, но противникот го отвори дури во 37. минута. После тоа следуваше „блиц-крик“ и два гола за само две минути за веќе убедливи 3-0 на полувреме. 

  • Извештај од натпреварот: 

Прв во листата на стрелците се запиша Хакан Чалханоглу, а потоа токму на асистенција на Турчинот, Димарко постигна нов ефектен гол, додека високите 3-0 ги обезбеди Маркус Турам.

Во вториот дел, очекувано, темпото на игра спласна. Симоне Инзаги направи неколку замени во својот тим, со цел да ги сочува силите за клучниот дуел со Реал Сосиедад во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Удинезе не успеа да го искористи тоа и да постигна барем почесен гол и така го впиша петтиот овосезонски пораз во домашниот шампионат. До крајот на средбата Интер постигна уште еден гол, откако конечните 4-0 ги постави Лаутаро Мартинез.

Интер дуелот против Реал Сосиедад, кој ќе до даде лидерот во групата, го игра во вторник, а потоа во Серија А го чека дерби со Лацио во Рим.

Состави

Симоне Инзаги

3-5-2

    Kosta Runjaic

    3-5-1-1