Нов дуел на Моу и Клоп, Ливерпул нема право на уште еден неуспех

Долго време навивачите на Ливерпул се немаа соочено со серија од пет кола без триумф, а оваа низа на неповолни резултати сигурно е причина за „црвениот аларм“ да биде запален (реми со ВБА, Њукасл и Манчестер Јунајтед, односно порази од Саутемптон и Барнли, овој вториот на „Енфилд“ и, за крај, „потоп“ на „Олд Трафорд“ во ФА Купот).

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Тотенхем - Ливерпул

Меѓутоа, постои податок кој би требало да им даде барем ронка оптимизам на фудбалерите на Клоп пред гостувањето кај незгодниот Тотенхем, кој на табелата има само еден бод помалку. Имено, кога „црвените“ последен пат имаа ваква неповолна серија, меѓу 2 јануари и 4 февруари 2017 година (тогаш играа нерешено со Сандерленд, Манчестер Јунајтед и Челзи, а загубија од Свонси и Хал), токму со Тотенхем – ја прекинаа! Тогаш беа домаќини, а веднаш по таа победа од 2-0, настрадаа и во Лестер. Па, не би било изненадување ако историјата се повтори.

Исто така, избраниците на Јирген Клоп победија на шест претходни меѓусебни дуели против Тотенхем, кој, пак, последната победа во ова дерби ја забележа на 22 октомври 2017 година. Меѓутоа, тимот на Жозе Мурињо е во одлична форма, што им дава причина на „петлите“ да се надеваат на поволен исход во дербито. Она што не им оди во прилог на лондончани е фактот дека ќе имаат ден помалку за одмор по обврските во ФА Купот. На спротивната страна, противникот (Викомб) им беше многу полесен отколку оној на Ливерпул.

Кога ќе се земат предвид сите работи, можеби најдобро е да го прескокнете конечниот исход и да се определите за 2-3 гола или комбинацијата 1+I&1+II, затоа што и едното и другото често го гледавме на нивните последни меѓусебни пресметки.