Нов доказ дека Пандев ќе одигра уште една сезона во Џенова

Елдор

Горан Пандев е блиску до потпис на нов едногодишен договор со Џенова. Македонскиот голгетер ќе ја одложи пензијата за наредното лето и ќе продолжи активно да се занимава со фудбал.

Нов доказ дека 38-годишникот и наредната сезона ќе го носи дресот на калчолигашот е продажбата на Елдор Шомуродов. Узбекистанецот си заминува и ќе игра во Рома на Жозе Мурињо, а со тоа остава празно место во нападот.

Пандев стави крај на репрезентативната кариера, но сакаше да се прости од фановите, па се надева дека пандемијата ќе се смири и на крајот од претстојната сезона ќе може достојно да ја напушти фудбалската игра.

Ветеранот ги брани боите на Џенова од 2015 година, кога пристигна од Галатасарај.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.