Нов договор за Доку, Сити го „врза“ Белгиецот на уште пет години!

Манчестер Сити успеа да го задржи Џереми Доку, откако белгискиот репрезентативец стави потпис на нов договор со англискиот премиерлигаш. 

Според новата соработка, 24-годишниот крилен напаѓач ќе остане на „Етихад“ до 2031 година, со што клубот јасно покажа дека сериозно смета на него и во иднина. Доку во Манчестер Сити пристигна во 2023 година од францускиот Рен и постепено стана важен дел од тимот. Досега има запишано 131 настап и 22 гола во дресот на англискиот клуб.

Белгиецот не крие дека е задоволен од својата ситуација во Манчестер и со оптимизам гледа кон продолжението на соработката.

„Се чувствувам одлично во Сити и среќен сум што ќе продолжам тука. Возбуден сум и поради можноста да работам под водство на Енцо Мареска“, изјави Доку.

Тој посебно го истакна стилот на игра што го форсира новиот менаџер, во кој крилните фудбалери имаат значајна улога.

„Неговиот начин на игра е токму она што го сакаме, па тоа е возбудливо за сите нас“, додаде белгискиот фудбалер.

Во досегашниот период со Манчестер Сити, Доку освои пет трофеи - Премиер лига, ФА Куп, Лига Куп, Светско клупско првенство и Комјунити Шилд. Со новиот договор, Сити очигледно сака Доку да биде важен дел од тимот и во следните пет години.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.