Нов циркуз во Катар: Де Брујне одигра катастрофално, но доби МВП признание!

Играчот за врска на белгиската репрезентација, Кевин де Брујне, беше прогласен за најдобар играч на натпреварот меѓу неговата селекција и Канада. Сепак, фудбалерот на Манчестер Сити не смета дека тој бил најзаслужен за победата на својот тим.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше напаѓачот на Фенербахче, Мичи Батчуаји. Голманот на Белгија, Тибо Куртоа претходно му одбрани пенал на Дејвис во 11. минута и во голема мера му овозможи победа на својот тим.

„Мислам дека не одиграв одличен натпревар. Не знам зошто ја добив оваа награда. Можеби поради моето име“, изјави играчот од средниот ред на Манчестер Сити и најдобар играч во Премиер лигата за претходната сезона.

Де Брујне го одигра можеби најлошиот натпревар во белгискиот дрес. Статистиката му е поразителна, речиси и да немаше ниту едно точно додавање во последната фаза, а во самиот финиш пропушти голема шанса за погодок. Но, и покрај тоа, циркузот во Катар продолжува и асот на Сити може да се пофали со МВП признание на Мундијалот.

Состави

Роберто Мартинез

3-4-3

    Џон Хердман

    3-4-3