Нов чудесија од стадион во „екс-Ју“: Прав храм од 100 милиони евра! (ФОТО)

Хрватскиот фудбалски клуб Ријека го претстави планот за изградба за нов стадион кој ќе биде вистинска чудесија од стадион и ќе биде еден од најубавите во регионот на поранешна Југославија.

Се работи за мултифункционален комплекс кој ќе се гради на местото на „Кантрида“. Целиот проект ќе чини 100.000.000 евра, а капацитетот на новиот стадион ќе биде 12.000 седишта. Како дел од комплексот ќе има и хотел.

Новиот стадион ќе биде по сите правила на УЕФА и на него ќе може да игра репрезентацијата на Хрватска, како и да се играат натпревари од Лигата на шампионите.

Ријека од 2015 година игра на стадионот „Рујевица“.