• Иван Димовски
Турскиот фудбал повторно е во центарот на вниманието по новиот бран апсења поврзани со местење натпревари и нелегално обложување. По налог на обвинителството, во петокот беа уапсени 29 лица, меѓу кои и 14 фудбалери, а 24 од нив завршија во притвор, објавија тамошните медиуми повикувајќи се на Истанбулското јавно обвинителство.
Ова е втор масовен бран апсења, по оној од почетокот на ноември кога беа приведени шест судии и претседателот на прволигашот Ејупспор.
Истражната постапка за обложување во турскиот фудбал официјално заврши на 27 октомври 2025 година, кога Турската фудбалска федерација соопшти дека интерната ревизија открила докази за широко распространети нелегални активности, во кои биле вклучени и стотици судии, на кои им е строго забрането какво било учество во обложување.
Претседателот на Федерацијата, Ибрахим Хаџиосманоглу, доказите ги оцени како пресвртница за турскиот фудбал и најави реформи за враќање на довербата во судењето.