ВИДЕО: Нов блесок на Елмас – убав дриблинг и асистенција во Болоња

Фудбалерите на Наполи успеаја да поведат на гостувањето на „Ренато Дал Ара“ во Болоња по 20. минути игра (0-1), а тој резултат беше активен и на полувремето. 

Стрелец на погодокот беше Хирвинг Лозано, а асистент при истиот беше Ељиф Елмас. Македонскиот репрезентативец доби топка на левата страна, добро ја прими и направи одличен дриблинг. По него Елмас уфрли на пеналтикот, а таму на топката налета Мексиканецот кој ја смести во мрежата. 

За македонскиот репрезентативец во Серија А ова е втора асистенција, покрај двата погодоци во дресот на Наполи. 

Состави

Синиша Михајловиќ

3-5-2

    Лучијано Спалети

    4-2-3-1