• Саше Љолес
Македонскиот фудбалски стратег, Чедомир Јаневски, официјално го презема новиот кипарски прволигаш Ипсонас.
Клубот кој се избори за промоција во највисокиот фудбалски ранг, реши да му ја даде довербата на искусниот Јаневски, кој е најавен како тренер со трофеи во Белгија и огромно искуство од кипарската лига. Интересно е тоа што сопственикот на клубот во минатото беше прв човек на рускиот клуб Красава, кој во 2021 година се пресели на Кипар под името Ипсонас.
Јаневски во минатото беше тренер на Клуб Бриж, Гент, Ал-Шааб, Црвена Звезда, Енозис, Етникос Акна, Монс, Мускрон, Васланд-Беверен, Вардар, Олимпијакос Никозија и АЕЛ од Лимасол.
Во периодот помеѓу 2012 и 2013 година работеше и како селектор на македонската фудбалска репрезентација. Првиот предизвик во новиот клуб Јаневски ќе го има на 24 август, кога неговиот тим ќе биде домаќин на славниот АПОЕЛ.
