• Горан Упале
По тешките два порази во меѓусебните дуели (5-0 и 2-0), фудбалерите на Нотингем Форест конечно му се одмаздија на Фулам и вечерва на својот „Сити Граунд“ извојуваа значајна победа во битката за опстанок во Премиер лигата.
- Нотингем Форест - Фулам 3-1:
„Шумарите“ по подолго време одиграа натпревар како што се очекуваше од нив и своите фанови ги израдуваа со триумф од 3-1. Воедно, оваа победа беше прва за поранешниот европски шампион по пет кола во Премиер лигата (три порази и два реми исхода). Творци на вечерашниот успех беа Ходсон-Одои, Вуд и Гипс-Вајт, додека единствениот гол за лондончани го постигна Адарабиојо.
Екипата на Њукасл одново прокоцка водство и остана без планирани три бода во Премиер лигата. Овосезонскиот учесник во Лигата на шампионите пред својата публика потфрли против Евертон и одигра само 1-1.
- Њукасл - Евертон 2-1:
Исак уште во 15. минута донесе радост на „Сент Џејм Парк“ и погоди за 1-0, но борбениот Евертон покажа карактер и со голот на Калверт-Луин од пенал во самиот финиш стигна до значаен бод од ова гостување.