• Горан Упале
Фудбалерите на Нотингем Форест конечно ставија крај на црната серија од десет натпревари без победа. Во рамките од третото коло на Лига Европа „шумарите“ пред својата публика го совладаа тимот на Порто со 2-0 (1-0) и го впишаа првиот триумф во лигашкиот дел од второто по ранг натпреварување на УЕФА.
- Нотингем Форест - Порто 2-0:
Англискиот тим, кој сезонава веќе промени тројца тренери, до трите бода стигна со голови од белата точка. Сигурни пеналџии на „Сити Граунд“ беа Гипс-Вајт и Хесус. Оваа вечер беше посебна за третиот овосезонски менаџер на Форест, Шон Дајч, кој дебитираше со победа која сигурно ќе има големо влијание во следните предизвици на некогашниот европски шампион.
Сигурна победа од 2-0 извојува и тимот на Фрајбург, кој пред домашната публика славеше над Утрехт. Головите за бундеслигашот ги постигнаа Сузуки и Грифо уште во првото полувреме.
Рома, пак, повторно разочара и по поразот од Лил во претходното коло, вечерва повторно потфрли на „Олимпико“ и загуби од Викторија Плзен со 1-2. Херои на чешкиот тим се Абу и Соаре, кои погодија во 20 и 22 минута, а почесниот погодок за „волчицата“ го постигна Дибала од пенал.
- Рома - Викторија Плзен 1-2:
Највозбудливо беше во Франција, каде што Лил на изненадување на сите загуби од ПАОК во натпревар со седум гола (3-4), додека Селтик и Феенорд ги одбранија домашните терени и славеа над Штурм и Панатинаикос.
- Лил - ПАОК 3-4:









