• Саше Љолес
Нуно Еспирито Санто сосема заслужено ја доби наградата за најдобар тренер за месец декември во англиската Премиер лига.
Португалскиот стратег врши одлична работа со „шумарите“, кои се апсолутен хит во првенството и во моментов се на третата позиција на табелата, а во текот на декември имаа неверојатна серија од шест победи во низа.
Форест делуваше незапирливо во последните триесет дена и се доближи на само шест бода од водечкиот Ливерпул, со кој се среќава во следниот премиерлигашки меч закажан за 14 јануари.