• Иван Димовски

Фудбалерите на Лацио се радуваа на победа во осминафиналето на Копа Италија, елиминирајќи го Наполи со 3-1 (2-1). Средбата на „Олимпико“ во Рим понуди многу возбудувања и предизвика радост за домашната публика, а лацијалите се пласираа меѓу осумте најдобри.
По мирниот старт на натпреварот Каприле направи пенал. Сепак, тоа не знаеше да го казни Матија Закањи бидејќи голманот се оддолжи со интервенција. Резултатот беше отворен во 32. минута со првиот погодок на Тијани Нослин. Следеше израмнување набргу преку Џовани Симеоне (1-1), но младиот Холанѓанецо со вториот гол пред паузата пак донесе водство за Лацио.
Кулминација Нослин имаше во 50. минута бидејќи откосо го матира Каприле и го комплетира својот хет-трик. До крајот на средбата Конте се обиде да го смени темпото со доста измени, меѓутоа не успеа во тоа.
- Извештај од натпреварот:
Лацио ќе продолжи во четвртфиналето на Купот, а таму ќе се судри со подобриот од пресметката на Интер и Удинезе.