Носителите ги добија местата, познати сите групи во циклусот за СП 2026!

Откако станаа познати сите учесници на завршниот турнир во Лигата на нации, јасно е и како ќе изгледаат сите групи во европските квалификации за следното Светско фудбалско првенство. Имаше само неколку дилеми во групите, односно кои ќе бидат победниците, а кои поразените, но сега познато е кои репрезентации ќе се приклучат во конкуренциите каде недостасуваа само носителите.

Квалификациски групи за Светското првенство во 2026 година: 

Група А: Германија, Словачка, Северна Ирска, Луксембург
Група Б: Швајцарија, Шведска, Словенија, Косово
Група Ц: Данска, Грција, Шкотска, Белорусија
Група Д: Франција, Украина, Исланд, Азербејџан
Група Е: Шпанија, Турција, Грузија, Бугарија
Група Ф: Португалија, УнгаријаИрска, Ерменија
Група Г: Холандија, Полска, Финска, Литванија, Малта
Група Х: Австрија, Романија, БиХ, Кипар, Сан Марино
Група И: Италија, Норвешка, Израел, Естонија, Молдавија
Група К: Англија, Србија, Албанија, Летонија, Андора
Група Л: Хрватска, Чешка, Црна Гора, Фарски О., Гибралтар

Светското првенство ќе се одигра следната година во САД, Канада и Мексико. Македонската репрезентација успешно го почна циклусот со победата над Лихтенштајн и со три бода ќе го пречека Велс во следниот квалификациски натпревар во Скопје.