• Горан Упале
Македонскиот фудбалски шампион, Вардар, вечерва го игра својот прв гостински натпревар во Лига Европа. Момците на Чедомир Јаневски ќе се судрат со Розенборг, а од таборот на норвешкиот првак се пофалија дека заинтересираноста за вечерашниот дуел на прекрасниот стадион „Леркендал“ е голема.
„Задоволни сме од продажбата. За мечот со Вардар досега продадовме повеќе од 4.000 билети во однос на првиот меч, кој го игравме во 2015 година против Днипро. Исто така продажбата на блок билетите се одвива одлично“, истакнаа од раководството на клубот.
Вчера заврши продажбата на блок билетите и веднаш започна продажбата на еденинечните билети за мечот со Вардар. Цената на еден билет се движи од 20 до 60 евра. „Леркендал“ има капацитет од 21.000 места и вечерва се очекува да биде скоро полн.
Натпреварот меѓу Розенборг и Вардар на програмата е од 19.00 часот.